Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Одбележана 95-годишнината од раѓањето на великанот Славко Јаневски

0
By Нова ТВ on January 11, 2015 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 11, 2015 15:52


Македонска Академија на Науките и Уметностите и Општина Центар одбележаа 95 години од раѓањето и 15 години од смртта на еден од основоположниците на современата македонска литература Славко Јаневски. Со рецитал на делови од неговото творештво и обраќање на академиците Томе Серафимовски, Влада Урошевиќ и Катица Ќулавкова присутните имаа можност да слушнат нешто повеќе за огромниот опус на Јаневски.

Во име на МАНУ и во име на претседателот на МАНУ, Владо Камбовски на присутните им се обрати академик Влада Урошевиќ.

„Заборавот е страшна дупка. Делото на Славко Јаневски е неограничен мајдан и треба почесто да се навраќаме на нив“, порача академик Урошевиќ.

Тој потсети на расказот „Самураи“, кој е најдобар книжевен споменик на нашиот град и е врв на прозното мајсторство.

Планината и големината, како што е Славко Јаневски, ќе остане бидејќи, рече академик Катица Ќулавкова е посилна и од политичките инциденти.

-Славко Јаневски беше голем писател. Тој беше визионер и на некој начин го предвиде развојот на светот. Неговото дело е трезор на колективната историја на македонскиот народ, во неговото дело е сместено богатството на македонскиот јазик и е жива меморија. Во овие моменти мора да се обединиме и духовно и културно и низ граѓанскиот ангажман и институциите. Она што најмалку ни треба е нетрпеливост и омраза, рече Ќулавкова.

Академик Томе Серафимовски и подари на општината седум скулптури: Славко Јаневски-портрет во бронза, Ѓорѓија Пулевски-портрет во бронза, Кирил Пејчиновиќ-Тетоец – фигура во бронза, Наим Фрашери – портрет во бронза, автопортрет – бронза, Партенија Зографски – фигура во бронза и Рака со книга – бронза.

Со ова читалната ќе стане и галерија, а ќе бидат изложени и неколку слики од повеќето од 100 уметнички дела, кои Славко Јаневски ги остави зад себе.

Помеѓу присутните беа и членовите на потесното семејство на Јанески, амбасадорот на Република Хрватска, Златко Крамариќ, поранешниот градоначалник на Град Скопје Трифун Костовски како и десетици почитувачи на делото на Јаневски.

Славко Јаневски е основоположник на Македонската современа литература и автор на првиот роман објавен на Македонски јазик – „Село зад седумте јасени“ (1952). Во своето 60 годишно неуморно творештво, Јанески остави опус од 15 романи, 11 книги поезија, 6 книги раскази, 8 книги за деца и голем број непубликувани во посебни книги препеви, книжевни и политички есеи и полемики, односно повеќе од 40 книги оригинално книжевно творештво.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.