Browsing: КУЛТУРА

Претставата „Три сестри“ од Антон Павлович Чехов во изведба на Градскиот драмски театар од Загреб, што ја режира маестро Слободан Унковски, премиерно ќе биде изведена вечерва во театарот „Гавела“ во Загреб

„Американска измама“ и “Гравитација“ добија најмногу номинации на денешната церемонија во Холивуд, на која беа објавени кандидатите за Оскар – по 10. „12 години роб“, пак, ќе се натпреварува во 9 категории, „Небраска“ во шест, а „Клубот на купувачи Далас“ и „Капетанот Филипс“ во четири. „Американска измама“ е во изборот за најдобар филм и најдобра машка и женска улога

Објавени се номинациите за популарниот „Оскар“ во филмската индустрија, кој ќе се доделува по 86-ти пат. Ги нема Опра, Редфорд или пак Том Хенкс. Нема номинација ниту за браќата Коен, или пак за починатиот Џејмс Гандолфини

– Јас ја избрав актерската екипа. Бев во Загреб неколку пати по два-три дена и ги гледав претставите. Ги сретнав глумците, секој од нив посебно, ги гледав, разговарав со нив, мислев и така дојде до поделба на улогите, вели Унковски во интервју за хрватски „Јутарњи“

Новото издание на Филтер, Tricky Three од македонскиот електронски проект Tripnotic деновиве го доби и својот официјален видео запис. Спотот се снимаше минатиот месец во Њујорк, а го потпишува американската видео продукција Noir Tribe Media