Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Италијанското списание „Поесиа“ објави 20 песни на поетот Никола Маџиров

0
By Нова ТВ on February 17, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 17, 2014 11:08

Највлијателното италијанско поетско списание „Поесиа“, основано во Милано во 1905 година од зачетникот на футуризмот, Филипо Маринети, објави обемен избор поезија на македонскиот поет Никола Маџиров.

Во февруарскиот 290-ти број на „Поесиа“ на првите страници од списанието објавени се 20 песни на Маџиров во превод на италијански јазик со воведен текст за неговата поезија од италијанскиот преведувач Пјеро Салабе, познат и како приредувач на антологии на современата италијанска поезија во странство.

Во својот осврт тој пишува за Маџиров како за веќе афирмиран поет и книжевен номад, кој го напушта домот за да изгради нов во поетските сеќавања, нагласувајќи дека денес ретко можат да се прочитаат такви песни – отворени и свесни за традицијата едновремено.

Поезијата на Маџиров веќе се пренесува и коментира по италијанските поетски веб-страници и блогови.

„Поесиа“ важи за едно од најважните поетски списанија во меѓународни рамки со годишен тираж од над 20.000 копии.

Инаку, Никола Маџиров е во престој во Брисел до крајот на месецот, откако беше избран за автор-гостин на една од најзначајните европски книжевни резиденции „Паса Порта“, а неодамна неговата поезија беше објавена и во најновиот број на специјализираното поетско белгиско списание „Поезие крант“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

ВЕСТИ May 1, 2026

Протест на Сојузот на синдикатите на Македонија под мотото „За плата се бориме, не се…

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.