Browsing: ПОЛИТИКА

Просторот што се наоѓа помеѓу Булеварот „11ти Октомври“, „Кочо Рацин“ и „Мито Хаџивасилев-Јасмин“, е откупен од страна на приватен сопственик и на тоа место ќе се почне со изградбата, информираат од ЈП Паркинзи на Општина Центар

Тоа што СДСМ се обидува да го прави на тема образование изгледа дека е повеќе популизам отколку засновани и реални мерки кои што можат да го унапредат образовниот систем во Република Македонија, реагира Милошоски, на најавите на Заев за реформи во образованието.

Ексклузивно: Франција пред една недела повлекла од маркетите македонско грозје поради недозволено количество на пестициди, дознава НОВА. Што се однесува до македонските отровни краставици во Хрватска, тие се дозволени за употреба во Македонија

Андреј Жерновски најави дека бара од изведувачот на градежните работи и од нарачателот на услугата, заедничките служби на Владата на РМ да го вратат споменикот во првобитна состојба

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, нагласи дека главна цел на новата мерка е заштита на децата од најтешкиот облик на злоупотреба – сексуалната, и оти нејзиното воведување го поддржува пишироката јавност

Зоран Заев, претседателот на СДСМ денеска во Штип презентираше дел од мерки од програмата на СДСМ во областа на образованието, со најава дека ќе се укине екстерното оценување, меѓу другите мерки

На пакувањата од кесичките со прашок за растворање „Kaffetin COLD max” против настинка и грип има два различни датуми на рокот на траење. Производителот Алкалоид известува дека според правната регулатива е извршена промена на рокот на траење од две, на три години на сите досега произведени серии кои се во промет

„Иако грејната сезона е започната уште пред скоро месец дена за кумановската болница тоа правило не важи. Пациентите не можеа да се стоплат ниту со ќебиња донесени од дома, а вработените со смрзнати раце и во ладни простории работеа и спасуваа човечки животи“, истакна Тодоровски

Уште 20-тина предмети недостасуваат од депоата на Музејот на Македонија, соопштуваат од МВР. Тројца кустоси пријавиле дека недостасуваат предмети и од нивните збирки, со што бројот на исчезнати вредни артефакти се искачи на 80

За тоа кој е одговорен за отстранувањето на споменикот, НОВА разговараше со претседателот на Општинскиот одбор Центар при Сојуз на Борците, со општина Центар, како и со градежните компании – едни не знаат, други без одговор