Browsing: ПОЛИТИКА

Со транспаренти „Мое тело – моја одлука“, „Повлечете го законот“, „Дали не прашавте“, неколку стотини граѓани побараа да се стопира носењето на предлог-закон за спречување на бременоста по скратена постапка

Пропадна изборот за судии во Врховниот суд, откако мнозинството членови Македонци не прифатија предлог Албанец да биде судија во Врховен суд, на што Албанците, по принципот на „Бадентер“ не гласаа за кандидатите Македонци

Во интервју за НОВА европскиот пратеник Едуард Кукан вели: Само решавање на името ги отвара вратите на преговорите со ЕУ. „Ќе бараме да се покани Нимиц за да имаме директен и отворен дијалог со него“, вели Кукан

Конечно e одлучено претседател на Анкетана комисија за 24 декември да биде странец. Поради тоа што ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не постигнаа договор за експерт од земјава, делегацијата на Европската унија во Скопје подготвила листа со меѓународни експерти

Едно е сигурно, новото нацрт решение постои, што веројатно значи дека нема повлекување на законот за медиуми како што тоа го побараа ЗНМ, ССНМ и МИМ, а со поддршка на Меѓународната федерација на новинари и други релевантни странски организации

Не смее да се дозволи изгласување на Предлог законот за прекин на бременоста по скратена постапка, без дебата и без анализа за тоа што треба да се постигне со законските измени, децидни се и граѓанските здруженија и дел од пратеничките