Browsing: ПОЛИТИКА

Гордана Гешковска денеска е избрана за заменик на државниот обвинител на РМ. Досега работеше во Одделот за организиран криминал и ги застапуваше меѓу другите, предметите Бачило, Пајажина, Змиско око, Монструм, Изгрев

Во акцијата на апсење на Слободан Богоевски, поранешниот разузнавач и директор на УБК, неофицијално, уапсени се и двајца адвокати Васко Томановиќ и Владо Пешликовски. Причина- малверзација со парцелата за словенечки Меркатор, во близина на спорската сала “Борис Трајковски”

После уште една двочасовна пауза околу 22.30 часот продолжија преговорите Белград – Приштина во Брисел. Како што јавува Б92, косовскиот премир Хашим Тачи изјавил дека тие сакаат единствен полициски и судски систем

Советот на СДСМ остро реагира за за Нацрт-законот за поттикнување на домашното творештво во забавната и народната музика, кој вчера го презентираше министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и смета дека се работи за нова мрежа на корупција

Македонија ќе добие уште една телевизија и радио на државно ниво. Според Советот за радиодифузија деновиве ќе бидат објавени конкурси за доделување дозволи за вршење на оваа дејност преку терестријален предавател, јавува Телма телевизија