Browsing: СПОРТ

„Аптекарите“ без поголеми проблеми го средија последнопласираниот Падерборн со 4:1 и и се вратија на шестата позиција на табелата која води во Лига Европа. Победа со четири гола, но без примен, попладнево забележаа и Баварците на гостувањето кај Херта

Вирџил ван Дајк во 15. минута и Мохамед Салах во третата од судиското екстра време беа творци на 21 триумф на Ливерпул кој досега собра 64 бода од можни 66, а допрва треба да го одигра и одложениот натпревар со Весте Хем. За тимот на Манчестер јунајтед, пак, ова беше седми пораз во тековниот шампионат по кој е петти на табелата со 34 бода

Сумата во однос на 2017 година, според публикацијата на УЕФА, е намалена за четири отсто, а разликата е драстична во однос на расходите за плати во земјите со кои се водат битки на зелениот терен на клупски и на репрезентативен план.

Европското ракометно првенство влегува во втора фаза. Денеска започнуваат решавачките пресметки за местата на што водат до распределбата на медали. Македонската репрезентација ги заврши настапите на континенталниот турнир по само три одиграни меча и рано се врати дома. За причините за елиминацијата и анализа на играта на „црвено-жолтите“, разговараме со ракометниот тренер Стојан Петрушевски кој во Студио на Нова ТВ од стручен агол образложува зошто настапите во „Винер Штадхале“ беа под нивото на кое се навикнавме од претходните години.

Победа на „стаклени нозе“ против Украина, пораз со пресврт од Чешка во меч со многу осцилации и дебакл од Австрија за експресно напуштање на 14. Европско ракометно првенство. Ова е билансот на македонската репрезентација по трите одиграни натпревари во Виена, оставајќи многу прашалници во јавноста за причините што овојпат не беше мината ниту прелиминарната фаза на голем настан. Одговорот за бледите изданија веројатно го имаат самите ракометари и селекторот Данило Брестовац, освен ако нема и неракометни моменти од соблекувалната, тренинзите и подготвителниот период

„Одигравме под нивото. Направивме многу грешки и промашивме многу изградени шутеви. Австријците нè изненадија со одбраната 5-1, со полуфластер на мене. Разочарани сме, заслужуваме секаква критика. Ова е еден удар за нас“, нагласи капитенот по поразот од Австрија

Ситуацијата е јасна – потребна е победа со најмалку два гола разлика над една од трите домашни селекции на турнирот, опција со која „црвено-жолтите“ нема да зависат од резултатот во пресметката меѓу Чешка и Украина. Секој друг исход, како победа со гол разлика или реми, ќе зависи од бројот на постигнати погодоци или, пак, од епилогот од вториот дуел во групата Б во 20.30 часот

Македонската репрезентација ќе мора по потешкиот пат по опстанок на 14. Европско првенство и пласман меѓу 12. најдобри на континентот. „Црвено-жолтите“ на стартот ја победија Украина со 26:25 по што следуваше пораз од Чешка со 25:27, па шансата за продолжување на престојот во Виена ќе се бара во утрешниот дуел од 18.15 часот против Австрија

Седум од најсјајните одлучја беа освоени во поединечна категорија, а две во екипна за потврда што претставува особена причина за радост и задоволство од настапите и остварените резултати, но и потврда за макотрпната работа во изминатиот период. Турнирот што се одржа викендот во Скопје воедно беше и квалификациски за влез во репрезентацијата за претстојниот Европски шампионат во март во Азербејџан