Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Државно првенство во карате: Макпетрол доминантен со 13 медали

0
By Нова ТВ on January 13, 2020 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 13, 2020 15:17

Каратистите на Макпетрол со грст медали на Државното сениорско првенство што се одржа викендот во Скопје, а кое беше квалификациско за влез во репрезентацијата за претстојниот Европски шампионат во март во Азербејџан. Неговите членови освоија вкупно 13 одличја од кои девет златни, еден сребрен и три бронзени.

Државни прваци во поединечна конкуренција станаа Сара Радичевска во категоријата до 50 килограми, Симона Заборска во категоријата до 55 килограми, Ангела Мојсовска во категоријата до 68 килограми, Абдурахим Идризи во категоријата до 60 килограми, Петар Заборски во категоријата до 75 килограми, Петар Спасеновски во категоријата до 84 килограми и Моника Стефановска во категоријата над 68 килограми.

Популарните „нафташи“ се искачија на највисокото место на пиедесталот и во екипно во борби – женскиот тим во состав Сара Радичевска, Симона Заборска, Ангела Мојсовска и Моника Пендаровска, како и машката екипа (Петар Заборски, Петар Спасеновски, Роберто Ацкогвски, Глигор Петков, Абдурахим Идризи, Глигор Станоев и Давид Петков).

„Презадоволни сме задоволни од постигнатиот резултат. Во секоја од десетте тежински категорија, атакувавме на првите позиции пришто успеавме да направиме одлични резултати. Освоивме вкупно девет златни медали, податок кој доволно кажува за нашата доминација на ова првенство. Моментно имаме генерација и тимови како никогаш досега и во машка и во женска конкуренција. Сплотени сме, работиме по двапати дневно, а како резултат на тоа дојдоа и златните медали во борби во машка и во женска конкуренција“, вели тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски.

Единственото сребро го освои Петар Спасеновски во категоријата до 84 килиограми по неизвесната борба со Берат Јакупи, па останува да се види дали селекторот Сашко Арсовски ќе реши да му даде шанса за Спасеновски, кој покрај одличните настапи на ова првенство, лани беше и европски првак и годината ја заврши како првопласиран на БКФ ранг листата. Во вториот натпреварувачки ден (плејофот), бронзи кон златните медали додадоа Моника Пендаровска (-61 кг.), Петар Заборски (-75 кг.) и Глигор Петков (-84 кг.).

Државно првенство карате Макпетрол
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.