Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На маката се познаваат хероите: Австрија како финале за македонските ракометари

0
By Нова ТВ on January 14, 2020 СПОРТ
Фото: ehf-euro.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 14, 2020 15:47

Една народна вели „на маката се познаваат јунаците“ што совршено „легнува“ на македонските ракометари кои попладнево (18.15 ч.) во Виена ќе играат против Австрија во решавачкиот меч за опстанок на Европското првенство. Ситуацијата е јасна – потребна е победа со најмалку два гола разлика над една од трите домашни селекции на турнирот, опција со која „црвено-жолтите“ нема да зависат од резултатот во пресметката меѓу Чешка и Украина. Секој друг исход, како победа со гол разлика или реми, ќе зависи од бројот на постигнати погодоци или, пак, од епилогот од вториот дуел во групата Б во 20.30 часот.

„Пред нас е еден од оние мечеви за кои велиме е „да се бидеме или не“ и одлична прилика да видиме кои сме и до каде сме. Некои детаљи од мечот со Чешка ќе треба да корегираме. Мотиви не недостасуваат, како што е секогаш случај на Европските првенства. На нас преостанува да излеземе на терен, да покажеме што знаеме и да победиме. А, ако го сториме тоа и со два гола разлика, мислам дека ќе пренесеме бодови во наредната фаза што е од исклучително значење“, истакна кружниот напаѓач на Вардар и на репрезентацијата на Македонија, Стојанче Стоилов, кој смета дека нема причина за стравување, а како единствена разлика во корист на Австријците го посочи фактот дека се домаќини на ЕП.

Фото: ehf-euro.com

Од првата минута меѓу стативите се очекува Никола Митревски. Голманот на Еурофарм Пелистер имаше одлична партија против Украина во првото коло, но против Чешка предност доби Борко Ристовски кој забележа само три интервенции, па затоа и очекувањата дека селекторот Брестовац ќе реши повторно да почне со Митревски. Тој, пак, денешниот меч го опиша како мало финале за македонската репрезентација.

„Овој меч е како мало финале за нас. Со победа останува на Европското првенство. Победата не е невозможна мисија. Наше е да дадеме максимум на терен и да не дозволиме на австриските крилни играчи да се разиграат и размавнат“, рече Митревски.

Освен во групата Б, денеска ќе бидат познати и двата патника во четвртфиналната фаза од Ф конкуренцијата, а репертоарот носи и дуели во групата Д во која нема никакви дилеми кои ќе репрезентации ќе продоклжат на ЕП. Тоа се Норвешка и Португалија на сметка на Франција и на БиХ.

ЕП 2020 во ракомет (м) – денеска играат

Група Б (Виена)

Австрија – Македонија (18.15 ч.)

Украина – Чешка (20.30 ч.)

Табела: Австрија 4 бода, Чешка 2, Македонија 2, Украина 0.

Група Д (Трондхајм)

БиХ – Франција (18.15 ч.)

Португалија – Норвешка (20.30 ч.)

Табела: Норвешка 4 бода, Португалија 4, Франција 0, БиХ 0.

Група Ф (Гетеборг)

Швајцарија – Словенија (18.15 ч.)

Полска – Шведска (20.30 ч.)

Табела: Словенија 4 бода, Шведска 2, Швајцарија 2, Полска 0.

Австрија ЕП 2020 Македонија Никола Митревски Ракомет (м) Стојанче Стоилов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.