Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Галопира кон титула: Ливерпул му пресуди и на Манчестер Ј. (Видео)

0
By Нова ТВ on January 19, 2020 СПОРТ
Фото: yahoo.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 19, 2020 20:52

Ливерпул галопира кон шампионската титула во англиската Премиерлигата во која сè уште не знае за пораз во оваа сезона. За „црвените“ на Јирген Клоп повеќе нема непобедени ривали во конкуренцијата, откако попладнево на „Енфилд“ падна и Манчестер јунајтед со 2:0 во дербито на 23. коло.

https://www.youtube.com/watch?v=ryHPRzyfm5U

Вирџил ван Дајк во 15. минута и Мохамед Салах во третата од судиското екстра време беа творци на 21 триумф на Ливерпул кој досега собра 64 бода од можни 66, а допрва треба да го одигра и одложениот натпревар со Весте Хем. За тимот на Манчестер јунајтед, пак, ова беше седми пораз во тековниот шампионат по кој е петти на табелата со 34 бода.

Ливерпул заслужено се радуваше во дербито со големиот ривал од „Олд Трафорд“. Во водство дојде по само 15 минути игра, кога корнерот на Трент Александер Арнолд во гол го претвори Ван Дајк кој беше доминантен во дуелот со младиот, послаб и понизок Вилијамс.

Вториот гол го потпиша египетскиот репрезентативец, Салах по асистенција на Алисон. Успеа да ги издржи дуелите со противничките играчи и да погоди во голот под култниот Коп на „Енфилд“ за печат на нова радост на „црвените“.

Фото: focus.de

Покрај двата признати гола, во меѓувреме, Ливерпул постигна уште два што оправдано беа поништени по консултација на главниот судија со ВАР собата. Првиот на Роберто Фирмињо не беше признат поради претходен прекршок над Давид де Хеа, а вториот на Џини Вајналдум поради офсајд.

Манчестер Ј., па, во првиот дел упати само еден удар кон Алисон. Непрецизен во 40. минута беше Ентони Марсијал, кој се закани и во второто полувреме заедно со Фред, но мрежата на бразилскиот голман остана мирна.

Премиерлига, 23 коло

Ливерпул – Манчестер јунајтед 2:0

Барнли – Лестер 2:1

Њукасл – Челзи 1:0

Вест Хем – Евертон 1:1

Саутемптон – Вулверхемптон 2:3

Норич – Борнмут 1:0

Манчестер сити – Кристал Палас 2:2

Брајтон – Астон Вила 1:1

Арсенал – Шефилд јунајтед 1:1

Вотфорд – Тотенхем 0:0

Табела: Ливерпул 64 (-1), Манчестер сити 48, Лестер 45, челзи 39, Манчестер јунајтед 34, Вулверхемптон 34, Шефилд јунајтед 33, Тотенхем 31, Кристал Палас 30, Арсенал 29, Евертон 29, Њукасл 29, Саутемптон 28, Барнли 27, Брајтон 25, Вест Хем 23 (-1), Вотфорд 23, Астон Вила 22, Борнмут 20, Норич 17.

Ливерпул Манчестер Јунајтед Премиерлига фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.