Browsing: СПОРТ

Низ целиот шампионат во Германија, раководството на Борусија Дортмунд ревносно ја бележеше посетата на натпреварите на домашен терен, па секој што не присуствувал на барем седум од 17 средби на „Вестфален“ остана без пропусница за наредната сезона

Успешна смена на генерации, „прошетка“ низ Д дивизијата во фудбалската Лига на нации, пласман во Ц конкуренцијата, полуфинале против Косово и одличен вовед во квалификациите за Европското првенство во 2020 година. Сето ова беа доволни факти за Фудбалската федерација на Македонија да го продолжи договорот со актуелниот селектор до крајот на наредната година

„Сините“ ја добија лондонската пресметка со 4:1 и по вторпат го подигнаа трофејот во второто по ранг натпреварување на УЕФА по 2013 година кога во Амстердам ја поразија Бенфика. Сите пет гола на Олимпискиот стадион во Баку беа постигнати во второто полувреме. Двапати погоди Азар и по еднаш Жиру и Педро, поразот на „топчиите“ го ублажи Ивоби. Во сабота на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид ќе играат Ливерпул и Тотенхем за трофејот во Лигата на шампиони

Владимир Георгиевски доаѓа на местото на Моника Гавриловска додека Гечевски на позицијата го наследува Владимир Темелковски, функции што ги извршуваа во мандатот на Петар Наумоски. Ова се дел од одлуките на првиот Управен одбор на Кошаркарската федерација на Северна Македонија под водство на Перо Антиќ

Анонимниот Германец Оскар Оте немаше никакви шанси во дуелот со фаворизираниот швајцарски ветеран кој на крајот славеше со 6:4, 6:3, 6:4, Шпанецот го елиминира германскиот квалификант Јаник Маден со 6:1, 6:2, 6:4 и во наредната рунда ќе го има првиот сериозен испит во Париз во Белгиецот Даниел Гофан

Дури ниту ироничната понуда за придружба со воен авион не можеше да влијае на Ерменецот да отпатува во Азербејџан и да заигра за „топчиите“ против „сините“ во вечерашниот меч за титула во Баку што почнува во 21 часот

Московскиот тим останува во континенталната елита благодарение на самиот пласман во финалето во ВТБ лига со оглед дека за ривал за титулата во регионалното натпреварување го има шампионот ЦСКА Москва

По четири часа минати на теренот, на крајот славеше хрватскиот ветеран со 7:6, 7:5, 6:7, 7:5 и со своите 40 години стана највозрасен тенисер што учествувал на Отвореното првенство на Франција од 1978 година по Австралиецот Бери Филипс Мур кој беше два месеца постар

Екипата од главниот град на Германија го слави историскиот успех по ремито без голови на домашен терен против Штутгарт (првата средба заврши 2:2), па поради постигнатите голови во гости е севкупен победник во бараж двомечот