Browsing: СПОРТ

Младата селекција на „црвената фурија“ во финалето на турнирот во Италија ја совлада соодветната германска селекција со 2:1 и на најдобар можен начин ` се реваншира за поразот на ЕП 2017

Холандскиот пилот на Ред Бул Хонда победи во трката за ГН на Австрија, но иако имаше најбрзо време и мина прв низ целта, сепак, мораше да ја одложи прославата поради жалбата за инцидентот со Шарл Леклер. По тричасовни проверки на ситуацијата е донесен заклучок дека нема вина ниту кај Ферстапен ниту кај Леклер и инцидентот е оценет како „тркачки“ за кој нема потреба да се преземаат мерки. Со тоа стана и дефинитивна победата на Холанѓанецот на „Ред Бул Ринг“, негова втора во низа за ГН на Австрија, вкупно шеста во кариерата и прва во 2019 година

Соработката меѓу Иванишевиќ и Ѓоковиќ е плод на нивното долгогодишно пријателство и засега е неформална и краткорочна. Меѓусебниот договор е постигнат за првата натпреварувачка недела на турнирот по што, како што објавуваат медиумите, Хрватот ќе мора да замине од Лондон поради неодложни обврски

Кодомаќини на ЕП 2020 се Австрија, Шведска и Норвешка, шампионатот ќе почне на 10 јануари и ќе трае до 26 јануари. Завршниот викенд на ЕП 2020 е планиран во „Теле2 арена“ во Стокхолм, што впрочем е фудбалски стадион со капацитет од 22.000 седишта

Покрај унгарскиот и францускиот состав, ривали на „црвено-црните“ во групата Б ќе бидат и Кјелце, Мешков Брест, Мотор Запорожје, Порто и Кил. Македонскиот вицешампион Еурофарм Работник, како единствен дебитант, ќе игра во групата Ц со шведски Савехоф, Татран Прешов од Словачка, фински Кокс, Ирун Бидасоа од Шпанија и Спортинг Лисабон

Играч на натпреварот беше Јаја Банана. Членот на Олимпијакос, кој дел од минатата сезона ја мина на позајмица во Паниониос, во 66. минута погоди за 1:0, а во 69. минута му асистира на Стефане Бахокен за 2:0

Споредбата излезе на површина во време на женското Светско првенство што се одржува во Франција на кое фудбалерките дигнаа глас и побараа поголеми бонуси за настапи. Најдалеку отидоа американските репрезентативки кои поднесоа тужба против Фудбалската федерација на САД за полова дискриминација со забелешки  дека нивните машки колеги се фаворизирани во делот на подготовки, на медицински персонал и на патувања