Browsing: СПОРТ
Ги немаа Салах и Фирмино, но фудбалерите на Ливерпул во реванш натпреварот со Барселона во полуфиналето во Лигата на шампионите…
„Црвените“ без Салах и Фирмино ги понижија Каталонците со 4:0 и втора година по ред ќе играат за титулата. По два гола на Вајналдум и на Ориги за огромно славје во градот на Битлси. Против кого ќе играат на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид на 1 јуни ќе дознаат утревечер (21 ч.) по реваншот меѓу Ајакс и Тотенхем. Мечот се игра во Амстердам, холандскиот тим има минимнални 1:0 од првата средба во Лондон
Објектот ќе има 168 соби, два ресторана, деловен центар, тератана, спа центар, базен, итн и трет е во сопственост на португалската фудбалска ѕвезда по оние што ги поседува во Фуншал на родната Мадеира и во Лисабон. За 2020 година планира да отвори упте два – во Мадрид и во Њујорк
Во вториот полуфинален меч ќе играат Веспрем и Кјелце. Полуфиналните мечеви се закажани на 1 јуни во „Ланксес арена“ во Келн, финалето е ден подоцна
Јирген Клоп во големи проблеми пред реванш полуфиналниот меч во фудбалската Лига на шампиони (вторник, 21 ч.) на „Енфилд“ во кој Каталонците ќе влезат со огромни 3:0 од „Камп Ноу“
Шпанскиот голман беше итно хоспитализиран во средата по инфарктот што доживеа за време на тренинг на португалскиот фудбалски гигант од „Драгао“. По неколкуте дена во болнички кревет, тој доби дозвола да замине дома
„Црвено-црните“ излегоа како севкупни победници во четврт-финалниот двомеч со ПИК Сегед и покрај триумфот на Унгарците на домашен терен со 29:25 (полувреме: 17:9). Залихата што вардарци ја складираа во првиот меч во Скопје, сепак, беше недостижна за составот на Хуан Карлос Пастор во реваншот
Тетовци го совладаа Работнички со 1:0 додека Вардар во истовреме ремизира против Шкупи (2:2) за математички крај на трката за шампионскиот трон на четири кола до крај на сезоната
Чалачев Асмамав Тируне од Етиопија и Кенијката Еуниче Нјавира Мучири се победници на 15. издание на „Визер Скопски маратон“ што…
„Граѓаните“, според финансиското истражување што го објави „Би-Би-Си“, „тежат“ 2,364 милијарди фунти или 277 милиони повеќе од градски ривал Манчестер јунајтед кој во текот на сезоната загуби 376 милиони и падна на второто место со 2.087 милијарди фунти
Околу 12.500 натпреварувачи од 58 држави ќе учествуваат на 15. јубилеен Виз Ер Скопски маратон што ќе се одржи утре…
Каталонците славеа со 3:0 во првиот полуфинален меч во ЛШ што долго ќе остане во меморијата на Аргентинецот. На овој ист ден пред 14 години го постигна првиот гол за Барса, денеска му пресуди на Ливерпул со два со кои стигна до бројката од јубилејни 600 во кариерата. Притоа по јубилеен 100 пат ја носеше капитенската лента