Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ливерпул како болница пред реваншот со Барса: Не играат Салах, Фирмињо и Кеита

0
By Нова ТВ on May 6, 2019 СПОРТ
Фото: sportinglife.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 6, 2019 22:45

Може ли Ливерпул да го репризира ланскиот подвиг на Рома и да ја анулира огромната предност на Барселона од првиот полуфинален меч во Лига на шампиони? – Фановите на „црвените“ го посакуваат тоа, за јавноста и неутралните е тешко изводливо, играчите порачуваат дека се кадарни и во фудбалот се е можно, но Јирген Клоп се соочува со големи проблеми пред утрешниот реванш на „Енфилд“. Германецот е свесен дека му требаат голови со оглед на големите 3:0 за Каталонците од „Камп Ноу“, но истовремено го бомбардираа со лоши вести од медицинскиот персонал.

Од порано беше познато дека Роберто Фирмињо нема да биде подготвен за настап, реваншот како и гостувањето во Шпанија го пропушта и Наби Кеита, а листата на повредени е проширена и со Мохамед Салах кој влече последици од премиерлигашкиот натпревар со Њукасл.

„Салах имаше потрес на мозок што значи дека докторите не дозволуваат да игра. Самиот вели дека се чувствува добро, но не доволно добро по лекарските стандарди. Очаен е. Ние, сепак, не смееме да паднеме во очај. Ако постои можност да минеме во финале, ќе се обидеме да ја искористиме. Тоа е наша обврска. Зад нас е добра сезона и мислам дека треба да ја крунисаме со добра игра во завршните два меча. Така и ќе направиме“, порачува Клоп.

Правилата во ФА и во Премиерлигата се јасни. Препораката е строго шестдневно мирување доколку фудбалер добие силен удар во глава и притоа претрпи одредени последици како што е случај со египетскиот репрезентативец. Па, единствената дилема што преостанува да виси е дали можеби Салах ќе инсистира на настап на сопствена одговорност.

Валверде: Не се плашиме од атсмоферата на „Енфилд“

Во отсуство на најважните поединци во ростерот на Ливерпул, на публиката и на атмосферата што се прави на „Енфилд“ се гледа како потенцијален 12 играч на „црвените“ во лов на (не)достижниот минус. Но, тренерот на Барселона е убеден дека популарниот „коп“ на стадионот нема да ги наруши мирот меѓу неговите момчиња.

„Го игнорираме резултатот од првата средба. Тоа е сигурно бидејќи, во спротивно, би било голема грешка. Свесни сме дека навивачите на Ливерпул прават голема бучава и го бодрат тимот со многу страст. Оваа сезона игравме на големи стадионо како „Олд Трафорд“ и „Сан Сиро“, па добро знаеме да се н осиме со притисокот од трибините“, вели Валверде.

Тој има на памет дека Ливерпул не загуби на домашен терен ниту еднаш во оваа сезона и дека се е отворено во реваншот. Дека се е можно во фудбалот говореше на официјалната прес-конференција за што искористи два резултатски примера на клубот што го предводи од блиското минато. Најсвежо е ланското непријатно искуство со Рома (4:1 победа на „Камп Ноу“, па пораз на „Олимпико“ со 0:3 за елиминација), но и она со ПСЖ од пред неколку сезони кога „светците“ славеа во Париз со 4:0, па Барса ги „прегази“ во реваншот со 6:1.

Кеита Ливерпул Лига на шампиони Мохамед Салах Роберто Фирмињо фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 29, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

ВЕСТИ June 29, 2026

Мајка, која беше извлечена од урнатините на нејзиниот уништен дом со своето бебе старо…

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.