Browsing: СПОРТ

Смртта кај легендарниот фински ски-скокач настапила ноќеска во 55 година од неговиот живот. Во кариерата освои пет златни медали, еден сребрен и три бронзени на Светските првенства, четири пати го освојувапе Светскиот куп, двапати новогодишната турнеја „Четири скокалници“ и понесе четири одличја од Олимпијадите меѓу кои бронза од Игрите во Сараево во 1984 година на малата скокалница

„Патриотите“ во финалето во НФЛ лигата во Атланта, Џорџија, го совладаа Лос Анџелес Ремс со 13:3. За забавниот дел на полувремето беа задолжени раперите Тревис Скот и Биг Бој и групата „Марун 5“, цената за реклама од 30 секунди, според мрежата „Си-Би-Ес“, оваа година изнесуваше од 5,1 до 5,3 милиони долари    

Во последното коло во рамки на групата Ц, националниот тим ја совлада Албанија со 3:2. На стартот беше совладана Грција со 5:3, во второто и Сан Марино со 7:0. Главната квалификациска фаза за мундијалот е од 22 до 27 октомври. Македонски ривали во неа ќе бидат селекциите на Украина, на Словенија и на Косово. Домаќин на турнирот е Украина

Краиновиќ ја оствари решавачката победа за српската селекција против Узбекистан за конечни 3:2, резултат со кој и Канаѓаните минаа триумфално низ Братислава во дуелот со Словачка

Националниот тим под водство на Иван Божовиќ го декласира аутсајдерот од Апенините во групата Ц со 7:0 и го задржа првото место на табелата пред неделните мечеви од последното коло што ќе имаат формален карактер со оглед дека и Албанија го мина ова скалило од мундијалските квалификации

„Кралевите“ и во реванш четвртфиналниот дуел ја поразија Џирона со 3:1 (првиот меч го добија со 4:2) и се придружија на Барселона, на Валенсија и на Бетис во борбата за титула. Францускиот напаѓач со двата гола изби на чело на вечната листа на стрелци на тимот од „Бернабеу“

Избраниците на Иван Божовиќ го совладаа јужниот сосед со 5:3 и на најдобар можен начин ги најавија амбииците за лидерската позиција на табелата во групата Ц. Утревечер од 20.30 часот во СЦ „Јане Сандански“, националниот тим на мегдан со Сан Марино, три часа претходно ќе играат Грција и Албанија

Сите четири гола на стадионот „Виталити“ беа постигнати во второто полувреме. Двапати Кинг (47’, 74’) и по еднаш Брукс (63’) и Дениелс (90’+5’) ја тресеа мрежата на Аризабалага за јубилејна десетта победа во сезоната и десетто место на табелата со 33 бода