Камил Штох е победник на денешниот натпревар во Светскиот куп во скијачки скокови што се одржа во Оберсдорф. Полјакот „леташе“ до 214,5 метри во првата серија и 227,5 метри во втората за вкупно 413,2 бода и прво место на скокалницата во Германија. За Штох, кој е актуелен шампион во Светскиот куп, ова беше 32 победа во кариерата и прва во оваа сезона во која има уште шест пласмани на подиумот.

Второто место го освои Евгениј Климов од Русија со скокови од 220,5 и 223,5 метри, односно 407,9 бода што е негов втор најдобар резултат во кариерата. Третото место му припадна на Давид Кубацки со 405, 4 бода што ги запиша по скоковите од 207 метри во првата и 228,5 метри во втората серија.

Лидер во генералниот пласман е Јапонецот Рјоју Кобајаши со 1.380 бода, пред Штох кој има 929, трет е Стефан Крафт со 917 бода.