Browsing: СПОРТ

Шпанскиот состав од Андалузија ги елиминира „црвените ѓаволи“ на Жозе Мурињо по вечерашниот триумф на „Олд Трафорд“ со 2:1, Рома, пак, успеа да ја надополни негативата во однос на Украинците од првата средба во Харков

„Бубамарата кај јужниот сосед е ставена во мирување по консултациите на премиерот Алексис Ципрас со заменик министерот за спорт, Јоргос Василијадис и доаѓа како последица скандалозниот потег на газдата на ПАОК, Иван Савидис кој со пиштол на појас влезе во терен за време на мечот со АЕК во Солун и сакаше да се пресмета со судиите

Телото на италијанскиот фудбалски репрезентативец ќе биде пренесено од Удине во Фиренца во текот на утрешниот ден и во договор со семејството ќе биде изложено во „Коверцијано“, тренинг центар на „виолетовите“ каде граѓаните, навивачите и пријателите ќе може да му оддадат последна почит. Погребот е закажан за утре во базиликата „Санта Кроче“ со почеток во 10 часот

Радикални новитети во најава за фудбалската сцена на Апенините. Италијанците ја копираат традицијата на Англичаните со натпревари пред и по католичкиот Божик. Планираните промени се однесуваат и на летните и на зимските преодни рокови кои се кратат и ќе завршат на 24 часа до почетокот на есенската и на пролетната полусезона

Антонио ди Николо, јавен обвинител од Удине, објави дека е отворена постапка за утврдување на причините за смртта на капитенот на Фиорентина и репрезентаивец на Италија чие безживотно тело беше пронајдено вчераутро во хотелска соба додека „виолетовите“ беа во карантин за мечот против Удинезе на „Дачија арена“

Австрискиот скијач воедно ја прослави седмата победа во дисциплината во десетте победи во оваа сезона колку што имаат Ингемар Стенмарк од сезоната 1976/77, Марк Џирардели од сезоната 1984/85 и Алберто Томба од сезоната 1994/95

Капитенот на Фиоребтина не се појавил на договорениот доручек со екипата во хотелот „Ла ди Морет“ во Удине каде тимот од Фиренца требаше да му гостува на Удинезе од 15 часот. Луѓето од стручниот штаб се упатиле кон собата во која беше сместен каде го нашле безживотното тело на својот капитен. Италијанскиот фудбалски сојуз ги одложи сите натпревари од 27. коло во Серија А што требаше да се играат во текот на денот