Марсел Хиршер го осигура кристалниот глобус во слалом на трка до крајот на сезоната во најтехничката дисциплина во алпско скијање. Австриецот беше одличен во денешните изданија во Крањска Гора каде го освои првото место со 1,22 секунди подобро вкупно време од Хенрик Кристоферсон. За место на подиумот се избори и Швајцарецот Рамон Ценхојсерн (+1,61 сек.). Олимпискиот првак од Пјонгчанг заврши на 24 позиција иако по првото возење беше трет со 99 стотинки послабо време од победникот.

За Хиршер ова е петти слаломски глобус во последните шест години. Четири има легендарниот Италијанец Алберто Томба, а рекордер е Ингемар Стенмарк со осум титули.

Австрискиот скијач воедно ја прослави седмата победа во дисциплината во десетте победи во оваа сезона колку што имаат Стенмарк од сезоната 1976/77, Марк Џирардели од сезоната 1984/85 и Алберто Томба од сезоната 1994/95.

Алпско скијање (м)/Крањска Гора/ слалом

Марсел Хиршер (Австрија) 1:49,22 минути

Хенрик Кристоферсен (Норвешка) 1:50,44 минути

Рамон Ценхојсерн (Швајцарија) 1:50,83 минути

Клемен Ноел (Франција) 1:51,14 минути

Себастијан Фос Солеваг (Норвешка) 1:51,35 минути

Марк Роша (Швајцарија) 1:51,56 минути

Манфред Мелг (Италија) 1:51,73 минути

Сандро Симоне (Швајцарија) 1:51,89 минути

Виктор Муфа-Жанде (Франција) 1:51,99 минути

Стефано Грос (Италија) 1:52,13 минути, итн.

Генерален пласман во слалом

Марсел Хиршер (Австрија) 874 бода

Хенрик Кристоферсен (Норвешка) 710

Андре Мирер (Шведска) 460

Михаел Мат (Австрија) 388

Даниел Јуле (Швајцарија) 370

Рамон Ценхојсерн (Швајцарија) 326

Лука Аерни (Швајцарија) 305

Себастијан Фос Солеваг (Норвешка) 297

Стефано Грос (Италија) 274

Манфред Мелг (Италија) 244, итн.

Генерален пласман во Светскиот куп

Марсел Хиршер (Австрија) 1.494 бода

Хенрик Кристоферсен (Норвешка) 1.205

Аксел Лунд Свиндал (Норвешка) 716

Алексис Пинтуро (Франција) 687

Кјетил Јансруд (Норвешка) 665

Беат Фојц (Швајцарија) 636

Андре Мирер (Шведска) 522

Матијас Маер (Австрија) 502

Доминик Парис (Италија) 466

Мануел Фелер (Австрија) 455, итн.