Browsing: СПОРТ
Дел од шпанските медиуми дури пишуваат дека е постигнат и начелен договор меѓу Каталонците и Атлетико Мадрид за услугите на францускиот репрезентативец. Според нив, трансферот би требало да се реализира наредното лето
За попладнево е закажан состанок меѓу Тавекио и Вентура што, според медиумите на Апенините, се очекува да резултира со прекинување на соработката. Покрај Анчелоти во игра за наследници на Вентура се и Роберто Манчини и Луиџи ди Бјаџо
„Кенгурите“ во реваншот го совладаа Хондурас со 3:1 и се најавија како 31 репрезентација на завршниот турнир во Русија. Нивниот капитен со хет-трик во второто полувреме се промовира во централна фигура на „АНЗ“ стадионот во Сиднеј во реванш баражот со претставникот на КОНКАКАФ зоната. Последниот патник на мундијалот ќе биде познат ноќеска по одигрување на дуелот меѓу Перу и Нов Зеланд
Легендарниот кошаркарски тренер стигна до јубилејната бројка низ 835 натпревари. Неговиот Сан Антонио го совлада Далас со 97:91. Бостон, пак, триумфира против Бруклин со 109:102
Јавноста бара оставка од селекторот Џан Пјеро Вентура, тој, пак, истакна дека нема намера да ја поднесе, медиумите со отровни стрели кон водечките луѓе на италијанскиот фудбал и со барање за коренити промени во Федерацијата со кои би биле опфатени и хигиеничарките. Притоа се нотира дека неуспехот на репрезентацијата ќе има негативно влијание и врз БДП на земјата
Два гола за Австријците постигна Јакуповиќ, по еден Хонсак и Лајмер за заслужено пакување на трите бода за Виена. Наредниот дуел за „црвено-жолтите“ е против Русија на 23 март догодина
Шпанскиот тенисер ја обнови повредата на десното колено на Мастерсот во Париз. Болките во меѓувреме не престанаа што резултира со втор негов отказ на голем турнир во низа и покрај напорите во меѓувреме за санација на проблемот. На негово место во групата А е уфрлен Пабло Карено Буста
35-годишниот Поасон брзо по падот беше однесен во болница, но лекарите не успеаја да му го спасат животот
За најдобар спортист во годината е прогласен капитенот, Стојанче Стоилов, признанието за најдобар тренер заврши во рацете на Раул Гонзалез, а вардарци беа неприкосновени и во категоријата најдобра екипа. Меѓу наградените за животно дело и пензионираниот спортски новинар и коментатор, Златко Калински
По скапото октомвриско луксузирање со тешко стекнатиот рејтинг, новата генерација на младата фудбалска репрезентација на Македонија е пред нов испит во квалификациите за ЕП 2019 во Италија и во Сан Марино. Дуелот на „црвено-жолтите“ со нивните австриски врсници е утре попладне (13 ч.) на „Телеком арена“
За легендарниот италијански тренер ќе биде трагедија доколку националниот тим не успее до мундијалот во 2018 година. „Азурите“ вечерва (20,45 ч.) на „Сан Сиро“ се домаќини на Шведска во реванш баражот за завршниот турнир во Русија. Скандинавската селекција има 1:0 од првата средба во Стокхолм
Триумфот над Украина на гости (0:2) беше препорака да остане на кормилото и за баражот со Грција, а по успешно одработените 180 минути ја зацементира својата позиција кај претседателот на хрватскиот фудбалски сојуз, Давор Шукер и речиси сигурно останува на клупата на „коцкестите“ и за завршниот турнир во Русија наредното лето