Browsing: СПОРТ
„Светците“ на крилја на Кавани, Нејмар и Мбапе го совладаа Баерн Минхен со 3:0, Челзи во четвртата минута од судиското екстра време го шокира Атлетико со 2:1 на неговиот „Ванда Метрополитано“ стадион во Мадрид
Со головите на Бесарт Ибраими и Ферхан Хасани, вицешампионот ја совлада Ренова со 2:0 и дополнително се издвои на врвот на првенствената табела пред Академија Пандев и Вардар кои имаат еден, односно, два меча помалку. Тетовци, патем, се единствени без пораз во конкуренцијата. Работнички ремизира против Силекс во дебито на Горан Станковски на клупата на „црвените“ од Градски парк
Веста за блажената состојба на поранешната српска тенисерка ја објави германскиот портал „Бунте“ повикувајќи се на извор близок до фудбалерот. Притоа се додава дека и целата соблекувална на Чикаго Фајр, клуб за кој настапува Германецот, веќе гласно говори за скорешното проширување на семејството на познатата спортска двојка
Предводникот на генерација која го постигна најголемиот македонски репрезентативен успех со пласман на ЕП 2016 останува на кормилото на младата селекција до ЕП 2019. Притоа објави и список со 22 играча за дуелите со Србија (6 октомври во Скопје) и со Гибралтар (10 октомври во Португалија) меѓу кои за првпат е голманот на Оклахома од САД
Бизарната причина да излезе од игра се случи на фудбалскиот меч меѓу Бешикташ и Лајпциг во Лигата на шампиони, а заглушувачката атмосфера беше неподнослива за германскиот репрезентативец Тимо Вернер кој во 32 минута му препушти место на теренот на Клостерман
Трансферот на шпанскиот напаѓач од Челзи е комплетиран во пресрет на вечерашната пресметка меѓу двата тима на „Ванда Метрополитано“ во рамки на Лигата на шампиони. Договорот е постигнат за сума од 60 милиони евра што е рекордна во историјата на тимот од Мадрид
Португалецот со два гола го зачини јубилејниот 150 настап во клупските натпреварувања на УЕФА и ја потврди победата на Реал Мадрид во Дортмунд со 3:1. Тотенхем со 3:0 го порази АПОЕЛ на Кипар, Севилја со идентичен резултат подобра од Марибор
Триесет години подоцна „12. величествени“ на селекторот Светислав Пешиќ повторно заедно. Зборно место беше Белград, причина извонедниот документарец насловен како „250 скалила“ во продукција на „Пи-Џи-Ем нетворк“, а снимен по идеја на македонскиот спортски новинар Живко Здравковски. Во него се прикажани тригодишните подготовки на кошаркарите за напад на светскиот јуниорски трон и голем број на интересни моменти што вешто се прикриваа од јавноста во насока на задржување на фантастичната атмосфера и потребниот мир меѓу, само, дел од спортските херои во Федерацијата од Вардар до Триглав
Со двата гола на францускиот напаѓач, „топчиите“ ја совладаа екипата на ВБА со 2:0 и се вратија во чекор со водечките на табелата. Ветеранот кај гостите од Бирмингам, пак, го одигра 633 меч што го прави фудбалер со најмногу настапи во елитната англиска конкуренција
Поранешниот македонски интернационалец и репрезентативец, кој досега работеше со младите категории во клубот од Градски парк, доаѓа на местото на Виктор Треневски кој по слабиот вовед во сезоната одлучи да се повлече од кормилото
Според весникот „Ел Паис“, претседателот на „светците“, Насер Ал-Келаифи наводно му понудил потенцијален бонус од еден милион евра на Уругваецот надвор од неговиот договор со клубот од „Паркот на принцевите“ доколку му дозволи на Бразилецот во иднина да биде изведувач на најстрогите казни, а притоа да биде и најдобар стрелец во француската Лига 1 на крај на сезоната
Фудбалерот на Динамо Загреб е на списокот со 23 фудбалери на кои смета селекторот Игор Ангеловски за дуелите на 6 октомври во Торино и на 9 октомври во Струмица, последни во квалификациите за Светското првенство во Русија во 2018 година. Неговото отсуство од националниот тим се должеше на двегодишната суспензија што ја доби за позитивен допинг наод по дуелот со Арсенал во групната фаза во Лигата на шампиони во 2015 година