Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Смена во Градски парк: Горан Станковски е нов тренер на Работнички

0
By Нова ТВ on September 26, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 26, 2017 00:26

Горан Станковски (40) е назначен за нов тренер на Работнички. Поранешниот македонски интернационалец и репрезентативец, кој досега работеше со младите категории во клубот од Градски парк, доаѓа на местото на Виктор Треневски кој по слабиот вовед во сезоната одлучи да се повлече од кормилото. „Црвените“ се осми на табелата по шест одиграни меча со биланс од една победа, две реми и три порази и гол разлика 9:13, а ги очекува и дуелот со Вардар што беше одложен поради обврските на шампионот во квалификациите за Лига Европа.

„Покрај одличната кариера како фудбалер, Станковски го потврди својот професионален капацитет и како тренер предводејќи ја својата категорија на играчи до титула во првенството и во Купот на Македонија. Затоа и одлучивме да добие доверба и во првата екипа со надеж за подобри резултати во продолжение на сезоната“, истакна Драган Поповски, претседател на Работнички.

Асистентите во стручниот штаб остануваат како и досега. Десна рака на Станкoвски ќе бидат Милан Илиевски, Славчо Георгиевски и Драги Атанасовски како тренер на голманите. Дебито на новиот кормилар на Работнички ќе биде во среда (27 септември) со дуел против Силекс на „Телеком арена“.

Станковски дел од кариерата ја мина во дресот на Работнички, а во домашната сцена играше и за Слога Југомагнат, за Македонија Ѓорче Петров и за Шкупи. Интернационалната ја започна во Тенис Борусија (Германија) по што следуваа трансфери во Антверпен (Белгија), во Кичи (Хонг Конг), во Сибир Новосибирск (Русија), во Дијарбакир (Турција) и во Дачија Кишињев (Молдавија).

Виктор Треневски Горан Станковски Работнички фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.