Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал, ЛШ: Роналдо ја реши Борусија, хет-трик на Кејн и Бен Јадер

0
By Нова ТВ on September 27, 2017 СПОРТ
Фото: uefa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 27, 2017 02:05

Кристијано Роналдо, Хари Кејн и Вишам Бен Једер се главните јунаци во вечерашните мечеви од второто коло во Е – Х групниот сегмент во Лигата на шампиони. Португалецот со два гола го зачини јубилејниот 150 настап во клупските натпреварувања на УЕФА, останатите двајца учествуваа со хет-трик во убедливите победи против АПОЕЛ, односно, Марибор. Очекувани триумфи и за Манчестер сити, за Наполи, за Бешикташ, со три бода од гости се враќа и Порто, а победник немаше единствено во Москва меѓу Спартак и Ливерул.

Реал Мадрид ја совлада Борусија во Дортмунд со 3:1 во дербито на вечерта во елитното фудбалско друштво на стариот континент. Првата победа на „кралевите“ во дури осмото гостување во Германија ја најави Герет Бејл со одличниот волеј во 18. минута по асистенција на Карвахал. Нештата потоа ги презеде Роналдо кој во 50. минута на додавање од Велшанецот и во 79. од Лука Модриќ ги нокаутира „милионерите“ за стигнување до бројката од 112 гола во клупските настапи под капа на УЕФА. Почесниот за бундеслигашот беше дело на Пјер Емерик Обамејанг во 54 минута.

Како машина за голови се потврди и Хари Кејн. Англискиот репрезентативен напаѓач ги реализира сите три за Тотенхем во убедливата победа со 3:0 на теренот на АПОЕЛ. Еден во првото полувреме (39 минута) и два во второто (62 минута и 67 минута) за максимален ефект на премиерлигашот и одржување на бодовен егал со Реал Мадрид во групата Х пред гостувањето на „Сантијаго Бернабеу“ на 17 октомври.

Фото: uefa.com

Идентичен учинок и од Вишам Бен Једер на „Рамон Санчез Пискуан“. Севилја славеше над Марибор со 3:0 во групата Е во натпревар во кој централна фигура беше францусиот интернационалец. Словенечкиот тим одлично парираше до средината на првото полувреме, но првото „пукање“ на одбранбената линија беше повеќе од јасна најава дека бодовите остануваат во Андалузија. На погодокот во 28 минута надоврза уште два, во 37. и во 83. од пенал и се промовира во прв фудбалер во клупската историја на Севилја со хет-трик.

Фото: uefa.com

Спартак и Ливерпул беа единствени со реми во вечерта. Фернандо од слободен удар во 23 минута обезбеди предност за московјани што ја поништи Кутињо во 31. по додавање од Садио Мане.

Манчестер сити и Наполи се оправдаа како фаворити во домашните мечеви со Шахтјор Доњецк и Феенорд. „Граѓаните“ го порази украинскиот состав со 2:0 со два гол во вториот дел. Најпрво погоди Кевин де Брујн во 48 минута за мисијата да ја комплетира Стерлинг во 90. Во меѓувреме, во 72. минута, Серхио Агеро не успеа да реализита најстрога казна.

Фото: uefa.com

Калчолигашот, пак, со 3:1 го доби мечот со Феенорд за прва радост во ЛШ во оваа сезона. Лоренцо Инсиње го начна холандскиот првак уште во седмата минута, Мертенс погоди во 49, а Калјехон во 70. во славеничката атмосфера на „Сан Паоло“ во Неапол. Тимот од Ротердам го ублажи поразот преку Амрабат во третата минута од судиското продолжение, откако Торнстра не успеа од пенал во 68.

Бешикташ ја забележа и втората победа во групата Г. По изненадувачкиот триумф против Порто на „Драгао“ на стартот, турската екипа го совлада и Лајпциг со 2:0 со погодоците на Бабел во 11 и на Талиска во 43. осамнаа на врвот на табелата.

Лига на шампиони, 2 коло

Група Е

Спартак Москва – Ливерпул 1:1

Севилја – Марибор 3:0

Табела: Севилја 4, Ливерпул 2, Спартак Москва 2, Марибор 1.

Идно коло (17 октомври): Спартак Москва – Севилја, Марибор – Ливерпул.

Група Ф

Манчестер сити – Шахтјор Доњецк 2:0

Наполи – Феенорд 3:1

Табела: Манчестер сити 6, Шахтјор Доњецк 3, Наполи 3, Феенорд 0.

Идно коло (17 октомври): Манчестер сити – Наполи, Феенорд – Шахтјор Доњецк.

Група Г

Монако – Порто 0:3

Бешикташ – Лајпциг 2:0

Табела: Бешикташ 6, Порто 3, Лајпциг 1, Монако 1.

Идно коло (17 октомври): Монако – Бешикташ, Лајпциг – Порто.

Група Х

Борусија Дортмунд – Реал Мадрид 1:3

АПОЕЛ – Тотенхем 0:3

Табела: Тотенхем 6, Реал Мадрид 6, Борусија Дортмунд 0, АПОЕЛ 0.

Идно коло (17 октомври): Реал Мадрид – Тотенхем, АПОЕЛ – Борусија Дортмунд.

Вишам Бен Једер Кристијано Роналдо Лига на шампиони Реал Мадрид фудбал Хари Кејн
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.