Browsing: СПОРТ

Експериментот на Асоцијацијата на тениски професионалци е најавен за настанот во Милано од 7 до 11 ноември. На мечевите ќе има главен арбитар, а секој поен ќе биде следен од новата, напредна, генерацијата на системот „око соколово“

Ракометарите на Вардар подобри од Висла во Плоцк со 26:22 во воведното коло од сезоната во групата А во Лигата на шампиони. Борозан ги предводеше „црвено-црните“ со 5 гола. Во сабота во Скопје ќе гостува Нант на Кире Лазаров кој на домашен терен го совлада ПИК Сегед со 30:26

Британскиот пилот на Мерцедес триумфира за Големата награда на Сингапур со време од 2:03:23,544 часа за голем исчекор кон преземање на тронот од Нико Розберг. Второто место го освои Австралиецот Даниел Рикардо, трет беше Валтери Ботас. Кими Раиконен и Себастијан Фетел останаа без пласман по колизијата со Макс Ферстапен на стартот

Два гола за рускиот премиерлигаш постигна Александар Кокорин, по еден реализираа Артем Ѕјуба, Бранислав Ивановиќ и Емилијано Ригони. „Црвено-црните“ во второто коло му гостуваат на Розенборг на 28 септември (19 ч.)

Скопје е под фудбалска магија. Кафеаните низ Дебар маало и попладнево се, непишано, задолжителна претстаница за загревање до „Телеком арена“…

„Црвено-црните“ вечерва по континуитет на одличната резултатска низа на домашен терен ова лето. Мечот на „Телеком арена“ е со почеток во 21,05 часот. Покрај дуелот во Скопје, групата Л во ЛЕ, носи и пресметка во Сан Себастијан меѓу Реал Сосиедад и Розенборг

„Граѓаните“ убедливи во Холандија против Феенорд со 4:0, „кралевите“ со три гола до три бода против АПОЕЛ на „Сантијаго Бернабеу“, Тотенхем на „Вембли“ ја совлада Борусија Д. со 3:1. По два гола во победничките екипи на Џон Стоунс, Кристијано Роналдо и Хари Кејн

Со документот што е задолжителен се предвидуваат и низа погодности за навивачите како влез во Русија без виза, бесплатни патувања меѓу градовите домаќини на натпреварите и бесплатен градски превоз на денот на одигрување на мечевите. Продажбата на влезниците за мундијалот ќе почне во четврток и ќе трае до 15 јули догодина кога е закажано големото финале

Предводени од Горан Драгич и Лука Дончич во шутерското четврт-финале, „змајчеки“ ја поразија Летонија со 103:97 (по четвртини: 34:23, 17:32, 25:11, 27:31). „Фуријата“ претходно ја елиминира Германија по триумфот со 84:72. Денеска на шампионатот и двата преостанати дуела од четврт-финалето. За 17,45 часот е закажан мечот меѓу Грција и Русија, а од 20.30 часот ќе следува и пресметката на Србија и Италија