Browsing: СПОРТ

Германецот до третата победа во 2017 година, по Австралија и Бахреин, стигна со време од 1:44:44,340 часа, Кими Раиконен заврши како втор (+3,145 сек.), за место на подиумот се избори и Даниел Рикардо (+3,745 сек.). Наредната трка во сезоната ќе се вози на 11 јуни за ГН на Канада

Изненадувањето го приреди Русинката Елена Макарова која на двапати со 6:2 ја порази една од претендентките за титулата во Париз. Чешката тенисерка, пак, ја совлада Џулија Босеруп со 6;3, 6:2 во првиот меч по пауза од шест месеци

Најдобриот македонски автомобилист беше најбрз во втората трка на познатиот автодром во Германија и заврши втор во првата за нови 18 бода и скок на третото место во генералниот пласман пред настапите во Вила Реал, Португалија, од 23 до 25 јуни

Каталонците по 29 пат го освоија „Копа Дел Реј“ по победата над Алавес со 3:1, „милионерите“ го совладаа Ајнтрахт со 2:1 во финалето на германскиот куп, ПСЖ со автогол во 91 минута го порази Анжер и го подигна 11 куп трофеј во Франција, рекорден 13 трофеј во ФА Купот за „топчиите“ кои на „Вембли“ беа подобри од Челзи со 2:1

„Летечкиот Финец“ по 17 пат во кариерата, првпат по пауза од девет години, ќе поведе трка во октанскиот циркус, Британецот поради проблеми со управување на болидот не успеа да се пласира во третиот круг квалификации

Како причина за тоа, според турски „Дејли Сабах“, е јавната поддршка на кошаркарот на тандерси за прогонетиот верски лидер Фетулах Гулен и неговото движење „Хизмет“ на социјалните мрежи како и критиките за начинот на владеење на претседателот Реџеп Таип Ердоган

Одлуката ја донесе Фудбалската асоцијација на Велс (ФАВ) од сигурносни причини и во координација со безбедносните власти по самоубиствениот бомбашки напад во понеделникот во Манчестер пришто загинаа 22 лица

Португалецот во наредните пет сезони ќе биде дел од „граѓаните“ за кои ќе игра во дрес со бројот 20. На тимот на Пеп Гвардиола ќе се приклучи на 1 јули. Од „Етихад“ на лето заминуваат Клиши, Навас, Сања, Кабалеро и Забалета

Најдобрата светска тенисерка во моментот, Анжелик Кербер ја извлече Макарова од Русија, Мугурза, пак, ќе почне со одбрана на титулата против Скијавоне. Вториот гренслем во сезоната го пропуштаат Федерер и С. Вилијамс, на сцената се враќа Петра Квитова. Отвореното тениско првенство на Франција ќе стартува во недела и ќе трае до 11 јуни