Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: СПОРТ
„Старата дама“ влегува во вечерашниот реванш со предност од 2:0 од првата средба на „Луј Втори“. „Кнезовите“ се свесни дека ќе биде тешко, но силно веруваат дека можат до финалето во Кардиф на 3 јуни.
„Црвено-жолтите“ загубија во Рејкјавик од домашната селекција со 30:29. На две кола до крајот сите четири селекции во групата 4 имаат скор од две победи и два пораза. Националниот тим на 14 јуни ќе гостува на Украина во претпоследното коло
Унгарскиот првак го совлада македонскиот со 31:30 во финалето на Фајналфор турнирот во Будимпешта. Победникот во „Ласло Пап“ арената беше познат по две продолженија, откако основниот час игра заврши 26:26. Гербиц со седум гола и Мерк со шест колку што постигнаа и Алтхаус и Лакрабер на спротивната страна беа најефикасни на средбата
Скопските „црвено-црни“ ја декласираа Македонија Ѓ.П. со 6:0 и на четири кола до крајот имаат недостижни 13 бода повеќе од тетовци кои со 3:0 попладнево ја поразија Брегалница
Романскиот првак во меч за третото место го совлада Будуќност со 26:20 (полувреме: 13:12). Ѓер и ЖРК Вардар во моментот играат во големото финале во Будимпешта
Победничкото време што го оствари е 2:12,59 часа што е за 23 секунди послабо од ланското. Машкиот подиум го комплетираа уште двајца негови сонародници – Едвин Кипруто Кирва (2:16,15 часа) на второто место и Самуел Мимутаи Киптум (2:16,32 часа) на третото. Нивната сонародничка Стела Јепнгетич Барсосио со нов најдобар резултат на патеката (2:33,42 часа) во женска конкуренција. Втора беше Салина Џебет (2:44,19 часа), минатогодишната победничката Гладис Јепкуруи Бивот (2:47,06 часа) заврши како трета
„Црвено-црните“ го полуфиналето го детронизираа ЧСМ Букурешт по убедливиот триумф во „Ласло Пап“ арена во Будимпешта со 38:33 (полувреме: 21:13) како одмазда за ланскиот пораз во истата фаза. Финалето е утре од 17.45 ч.
Ѓер е прв финалист во женската ракометна Лига на шампиони. Во првото полуфинале на Фајналфор турнирот во Будимпеша, унгарскиот првак го Унгарскиот состав го порази Будуќност со 26:20 во првото полуфинале. Во второто, од 17.45 ч., ќе играат македонскиот првак ЖРК Вардар и бранителот на тронот, ЧСМ Букурешт
Пресудата се заснова на тоа дека шампионот во Формула 1 во моментот не може да оди, па не можел и во периодот кога бил објавен текстот со спорното тврдење во „Бунте“ во декември во 2015 година
Со радикалниот потег на српскиот тениски ас се опфатени тренерот Марјан Вајда, кондицискиот тренер Гебхард Грич и физиотерапевтот Милјан Амановиќ кој е воедно и негов кум. Новиот тренер сè уште е енигма, на претстојните турнири ќе патува со поддрша од семејството и менаџерот
Мечот во „Веризон центар“ изобилуваше со некошаркарски моменти, актерство, провокации и технички грешки и убедлива победа на домашните со 116:89 за намалување на 1:2 во полуфиналната серија на Истокот. Голден Стејт ја совлада Јута со 115:104 и поведе со 2:0 на Западот
„Црвените ѓаволи“ ја победија Селта со 1:0 во првиот полуфинален меч во Лига Европа за огромен исчекор кон финалето во Стокхолм. Единствениот погодок на „Балаидос“ беше дело на Маркус Рашфорд од слободен удар во 67 минута