Симона Халеп ја одбрани титулата на Мастерсот во Мадрид. Романската тенисерка во финалето ја совлада Кристина Младеновиќ од Франција со 7:5, 6:7, 6:2. До 15. трофеј во кариерата стигна по два часа и 44 минути игра.

Халеп е прва тенисерка која трипати играла финале во Мадрид и само втора тенисерка која успеала да ја одбрани титулата по Серена Вилијамс во 2012 и во 2013 година.

ВТА Мадрид

Финале: Халеп (Романија) – Младеновиќ (Франција) 7:5, 6:7, 6:2