Британецот Луис Хамилтон ќе тргне од првото место во трката за ГН на Шпанија, петтата трка од годинашниот шампионат во Формула 1. Пилотот на Мерцедес оствари најдобро време во официјалните квалификации на патеката Каталуња (1:19,149 минути) за втора пол-позиција во сезоната, 64 во кариерата. Од првиот ред ќе стартува и Себастијан Фетел кој имаше 54 стотинки послабо време од Хамилтон.

Зад водечкиот двоец ќе бидат Валтери Ботас и Кими Раиконен, петти и шести резултати забележаа пилотите на Ред Бул, Макс Ферстапен и Даниел Рикардо, меѓу десетте најдобри и Фернанрдо Алонсо, Серхио Перез, Фелипе Маса и Естебан Окон.

Трката за ГН на Шпанија е во недела попладне од 14 часот. Лидер во генералниот пласман е Себастијан Фетел од Ферари со 86 бода пред Луис Хамилтон од Мерцедес кој има 73 и неговиот клупски колега Валтери Ботас со 63.