Browsing: СПОРТ
Објектот со назив „Дела Рома“ ќе биде централна содржина во футуристичкиот комплекс, ќе има капацитет од 56.000 места, ќе биде лоциран во југозападниот дел на Рим и, според проекциите, треба да биде готов за сезоната 2020/21
Критиките од италијанскиот менаџер доаѓаат по последниот пораз на популарните „лисици“ на домашен терен од Евертон со 0:2. Англискиот првак по 18 кола е на 16 место на табелата и само три бода го делат од опасната зона
Српскиот тенисер го одреди распоредот на настапи на новата сезона. Почнува во Доха, продолжува на Австралија опен по што ќе има пауза од 40 дена до Мастерсите во Индијан Велс и во Мајами. На сите ќе брани титула или во превод 4.500 поени. Во неговите планови ги нема Дубаи и Дејвис купот
Томислав Сивиќ поднесе оставка на кормилото на младата селекција на северниот сосед од, како што наведуваат во ФСС, приватни причини
Англичаните се познати како единствени што не прават пауза меѓу двата дела на сезоната, но и единствени во западниот свет…
Ова е заклучок по спроведената истрага на министерството на јавна управа на Боливија за авионската несреќа кај Меделин во која загинаа 71 лице меѓу кои 19 фудбалери на бразилскиот клуб
Германецот доби најмногу главови во изборот на Меѓународната федерација за фудбалска историја и статиистика (ИФФХС)
Екипата на Торај Ароус, за која настапува капитенот на македонскиот национален тим, во големото финале ја совлада Тојода со 3:2 за трета титула во натпреварувањето по 2008 година и во 2013 година
Игокеа триумфира во мечот во Лакташи со 79:71 за осма победа во сезоната и 11 пораз на „соколите“ кои во последната четвртина успеаја да се изборат за едноцифрен минус на гостувањето
Младинскиот репрезентативец на Македонија потпиша тригодишен договор со актуелниот шампион, разделбата со Црногорецот е спогодбена и тој може да си бара нова средина во јануарскиот преоден рок
Обемниот систем за видео надзор ќе биде инсталиран на трибините и во поттрибинскиот простор во 2017 година. На стадионот ќе се играат четири меча во групната фаза по еден осминафинален и полуфинален и мечот за титулата
Аргентинецот го образложи отсуството во Мелбурн со недоволно време за опоравување и подготовка за стартот на новата сезона
