Browsing: СПОРТ
Французинот може да го надмине рекордот на Португалецот во наредното коло кога на „Сантијаго Бернабеу“ ќе пристигне екипата на Депортиво ла Коруња
Шпанскиот тим го совлада вицепрвакот на Македонија со 31:25 и на коло до крајот го елиминира од борбата за топ 16 во елитното натпреварување на ЕХФ. На металурзи им останува уште дуел со Чеховски Медведи во Скопје на 12 февруари
Австријките славеа со 28:19 попладнево во Торшавн во меч во кој Сара Ристовска беше најефикасна на мечот со осум гола. Нашата селекција утре ќе игра со Исланд во кој победата се наметнува како императив за место во баражот
Суарез во 53 минута погоди за Барселона, стоперот на „кралевите“ израмни во 90 минута по нафрлување на Модриќ и ги задржи „кралевите“ на плусшест на табелата во однос на Каталонците
Транспортните авиони од типот „Херкулес“ беа дочекани со огномет додека го надлетуваа градот на југот на Бразил и пристапуваа кон дождовната писта на аеродромот во Шапеко
Коста, Вилијан и Азар погодија за гостите од „Стемфорд Бриџ“, единствениот за „граѓаните“ беше автоголот на Кејхил. „Сините“ остануваат лидери на табелата со 34 бода
Документи од истражувањето на 12 европски весници упатуваат дека фудбалерот и менаџерот од Португалија би можеле да бидат вклучени во истрага за затајување на данок и перење пари
Еден-два победа на Норвежаните на првиот супервелеслалом во сезоната во Светскиот куп во алпско скијање што се возеше Вал Д’изер.…
Три бразилски воени авиони синоќа полетале од градот Меделин, нивното пристигнување е најавено за денеска во 11 часот по средноевропско време по што е планирана и комеморација на која ќе присуствуваат претседателите на ФИФА и на Бразил, Џани Инфантино и Мишел Темер
Оваа вест ја открил таткото на Елио Зампиер Нето по разговор со докторите кои утврдиле дека природата на повредите кај неговиот син не е дотолку сериозна
Времето со кое 26 годишната девојка од Марибор го дофати првиот подиум во кариерата беше 1:45,48 минути. Нејзин најдобар резултат досега беше четвртото место во супервелеслалом во Бивер Крик во 2013 година
Шестото признание за спринтерот од Јамајка доаѓа по трите освоени златни медали на олимписките Игри во Рио де Жанеиро, премиерното за етиопската натпреварувачка на долги патеки е по светскиот рекорд на 10.000 метри
