Browsing: СВЕТ

На крајот на денешниот состанок, францускиот претседател даде неколку изјави за медиумите на излегување од зградата и во својот воведен збор упати порака кон оние кои се залагаат за проширувањето на Унијата.

Албанскиот претседател Илир Мета во првата реакција по вчерашните локални избори оценува дека Албанија ја избегнала стапицата за граѓански конфликт и иронизира со фактот дека „не само што се гласало туку бил надминат и планот“.

Унијата треба да именува и нови претседатели на Европскиот Парламент и на Европскиот Совет, нов шеф на дипломатијата и нов гувернер на Европската Централна банка. Но, освен политичкиот пакет на кандидати за водечките функции во ЕУ, мора да се обезбеди и географски и родов баланс меѓу земјите членки. За наредниот период се најавени билатерални средби меѓу лидери на земјите членки на ЕУ

Поранешниот претседател на Црна Гора и премиер на Сојузната влада на Србија и Црна Гора, Момир Булатовиќ почина во Кучи…

По две лица поќинаа во Франција и во Шпанија и три во Италија. Во Шпанија беснеат и пожари што уништија голема површина. Најголем дел од нив се ставени под контрола, но не и огнените стихии во Толедо и во Мадрид

Изборниот процес е бојкотиран од опозицијата. Во единствениот избирачки список се запишани вкупно 3.464.328 лица со право на глас, но поради масовната миграција реалната бројка е многу помала. Според пописот од октомври во 2011 година, Албанија има 2.891.977 жители од кои 1.421.810 жители со постојано место на живеење во земјата

Финска го презема претседателството со Советот на ЕУ од Романија, а на 1 јануари 2020 година ќе го предаде на Хрватска. Пред да го преземе претседателството со Советот на ЕУ, Финска најави дека нејзината програма ќе се заснова на социјалната, економската и еколошката одржливост на Европа.Како клучен приоритет на своето претседателствување, Финска ја наведува улогата на ЕУ во борбата против климатските промени. Програмата на финското претседавање опфаќа и зајакнување на единствен пазар, политика базирана на слободна трговија, користење на потенцијалите што овозможуваат развој, иновации и дигитализација