Browsing: СВЕТ

– Одложување нема. Изборите ќе се одржат на 30 јуни. Не можеме да го отвориме патот на деструктивна политика. Не можеме да си дозволиме да си поигрува некој со Уставот како со топка од партали. Никој не може да го земе во заложништво демократскиот процес, тоа не се видело никаде до сега и нема да се види ни тука. Очигледно имаме свои сопствени грешки, недостатоци, имаме уште многу работи да направиме. Ние не сме најдобрите, но подобри од нас ниту имало, ниту ќе има, изјави Рама.

Москва е подготвена да реагира реципрочно ако Европската Унија почне да ги укинува санкциите, изјави рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со челниците на водечките светски медиуми на Економскиот форум во Санкт Петербург.

Потпретседателот на третата по големина политичка партија во Албанија, опозициското Социјалистичко движење за интеграција(ЛСИ) Петрит Васили ,коментирајќи ги објавените прислушувани разговори за тоа „како се купуваат гласови во Албанија“, оцени дека тоа е потврда дека „земјата е заробена од криминалци“.