Published: Friday, June 7, 2019 12:58
Во центарот на Линкопинг, град во јужниот дел на Шведска денеска се одекна експлозија при што се повредени повеќемина. Светските медиуми јавуваат дека има најмалку 25 повредени.
На местото на инцидентот се наоѓаат 20 амбулантни возила и припадници на единицата за детонирање.
Според Шведското радио експлозијата оштетила прозорци и тераси на една петкатница, а штета претрпеле и зградите во близина.
Се уште не е позната причината за експлозијата, но од полицијата велат дека досега немаат индиции дека се работи за терористички напад.




