Browsing: СВЕТ

Капетанот на крузерот кој учествуваше во судирот со туристички брод на реката Дунав во Будимпешта е уапсен денеска откако беше испрашуван во својство на сведок, соопшти унгарската полиција.

САД и натаму се главен партнер на Германија, надвор од Европа, но за најважните прашања се уште има несогласувања, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел во пресрет на средбата со американскиот државен секретар Мајк Помпео во Берлин.

Папата предупреди дека глобализацијата придонесува за искоренување на човечките вредности и порача дека луѓето не смеат да се препуштат на културата на омраза и индивидуализам, пренесува агенцијата Агерпрес.

Вулканот Етна во Италија, најактивниот вулкан во Европа, се активира и почна да исфрла вжарена лава која тече во должина од неколку стотици метри, потврдија вулканолозите во Италија.