Најмалку 12 лица се убиени, а четворица ранети кога вработен  во градските служби  пукал кон своите колеги во Вирџинија Бич. Нападот започнал  во општинскиот центар Вирџинија Бич,  област во која се сместени голем број градски владини згради.

Сите вработени биле евакуирани.

Вооружениот напаѓач, чиј идентитет не се соопштува загинал во престрелка со полцијата.

Една од жртвите била застрелана надвор пред автомобилот, а останатите се пронајдени на три ката од зградата.

Шефот на полицијата изјави дека местото на злосторството е “ужасно” и дека “најдобро може да се опише како воена зона”.