Browsing: СВЕТ

Бројот на државјани на останатите земји членки на ЕУ кои се вработени во Велика Британија, во првиот квартал од оваа година се зголемил за четири проценти на годишно ниво, достигнувајќи рекордни 2,38 милиони лица, соопшти денеска британското Национално статистичко биро (ОНС).

Шпанскиот Врховен суд им одобри на петмината каталонски сепаратистички лидери да го напуштат затворот за да положат заклетва во Парламентот следната недела, но пратеничкото место нема да им гарантира имунитет од судењето за нивната улога во настојувањата за независност на Каталонија.

Бугарскиот министер за земјоделство, храна и шуми Румен Порожанов денеска поднесе оставка поради скандал во врска со купување луксузни недвижности…