Градските служби во Загреб вчера имале повеќе од 700 интервенции, а пет лица се повредени поради силниот ветер кој дува од неделата.
Ветрот на подрачјето на Загреб речиси целиот ден уривал стебла, реклами, чадори за сонце, покриви и делови од фасади.
Улиците на главниот град на Хрватска се полни со искршени гранки, а имало проблем и во градскиот сообраќај.
Некаде се забележани и скршени семафори, а итните медицински служби и пожарникарите интервенирале во текот на целиот ден. Полицијата ги предупредила граѓаните да не излегуваат од своите домови доколку не е неопходно.
Државниот метеоролошки завод издаде предупредување за речиси цела земја поради појава на силен ветер и екстремни количества врнежи од дожд.
Со невремето е зафатена и Босна и Херцеговина. Тамошните медиуми објавуваат за поплави предизвикана од реката Врбања која го урнала пешачкиот мост во Челинац, во близина на Бања Лука, каде по 22 часот синоќа се огласиле и сирените за узбуна.
Засега нема прецизини бројки колку домаќинства се поплавени, а надојдената река е опасност и за населбата Лазарево во Бања Лука. Вонредна состојба е прогласена и во Теслиќ, а ситуацијата е тешка и во подрачјето на Приједор, Градачац и Маглај.





