Browsing: СВЕТ

На Вулин ќе му се придружат триесетина пратеници од владејачкото мнозинство во Парламентот, како и дел од одборниците од власта во Собранието на Град Белград, објави весникот „Вечерње новости“.

Убиството на Куцијак, истражувачки новинар кој известувал за корупција, и неговата вереница Мартина Куснирова, минатата година предизвика бројни протести кои доведоа до оставка на премиерот Роберт Фико.

Американските обвинители денеска соопштија дека поднеле обвинение против Асанж, кој заедно со поранешниот американски разузнавачки аналитичар Челси Менинг, ковал заговор во обид да пристапи до доверливи информации во компјутерот на американската влада во 2010 година

Американскиот потпретседател Мајк Пенс побара денеска од ОН да ги укине надлежностите на пратеникот на Владата на претседателот Николас Мадуро и да го признае Хуан Гуаидо за легитимен лидер на Венецуела.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска најави дека на 29 април во Берлин заедно со премиерката Ана Брнабиќ и со претседателот и премиерот на Косово Хашим Тачи и Рамуш Харадинај, ќе имаат средба со германската канцеларка Ангела Меркел и шефот на француската држава Емануел Макрон.