Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тирана: По спектакуларниот грабеж, армијата ангажирана за безбедноста на аеродромот

0
By Нова ТВ on April 11, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 11, 2019 08:52

По завчерашниот спектакуларен грабеж на 10 милиони евра на Меѓународниот аеродром во Тирана, од синоќа за безбедноста на аеродромскиот комплекс се грижат и Вооружените сили и воената полиција.

Како што јави МИА, тие се поставени на безбедносниот периметар околу аеродромот „Мајка Тереза”.
Припадниците на армијата се распоредија на аеродромот кусо по обраќањето на албанската министерка за одбрана Олта Џачка.

– Ова се практикува речиси во секоја европска метропола каде вооружените сили се вклучуваат за поддршка на нивните колеги од полицијата со цел да се гарантира безбедноста на објектите од витално значење, како и сигурноста на граѓаните, изјави Џачка соопштувајќи ја одлуката за вклучување на армијата во обезбедувањето на аеродромот..

Претходно и Министерството за внатрешни работи нареди за безбедноста на аеродромот да се грижи државната полиција, а не како до сега приватна агенција.

На одлуката на Џачка експресно реагираше лидерот на опозициската демократска партија, Љуљзим Баша, оценувајќи ја како неуставна.

– Преземањето на контролата на аеродромот од страна на војската е неуставно. Оваа одлука само го потврдува падот на државата, оцени Баша.

Распоредувањето на армијата на надворешниот периметар на аеродромот за поранешниот прв човек на Дирекцијата за цивилна заштита, Шемши Пренчи претставува „автогол“ за државата.

Според него, Владата со ова де факто прогласила вонредна состојба.

– Де факто преземањето на обезбедувањето од страна на војската е прогласување вонредна состојба, само што не е прогласена и де јуре од Владата. Ние сме во вонредна состојба поради високото ниво на криминал, поради заканата на еден од најзначајните објекти, а тоа е аеродромот, единствен што го има Албанија, изјави Премчи, гостувајќи во емисија на тиранската телевизија Ора њуз.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.