Browsing: СВЕТ

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека нема да се врати на политиката на одвојување на деца од мигрантски семејства кои илегално ја преминале границата, еден ден откако медиумите објавија дека неговата администрација ја разгледува можноста за повторно враќање на таа мерка.

„Светската трговска организација смета дека европските субвенции за Ербас негативно влијаеле на САД, која сега ќе воведе царини на европски производи со вредност од 11 милијарди долари. ЕУ со години ги искористува САД во трговијата. Ова наскоро ќе престане!“ напиша денеска Трамп на Твитер.

Претседателите на парламентите на земјите-членки на ЕУ денеска се изјаснија за продолжување на процесот на пристапување за земјите од Западен Балкан како придонес за безбедноста и стабилноста.