Browsing: СВЕТ

Официјалното извинување следува по петгодишната истрага на специјална комисија на илјадници случаи на сексуално малтретирање деца, кои ги извршиле духовни лица и други луѓе на функции како што се директори на домови за деца без родители, спортски клубови, училишта и младински организации

Поранешниот советски лидер, Михаил Горбачов, кој во 1987 година заедно со тогашниот американскиот претседател Роналд Реган, го потпишаа Договорот за уништување и забрана на производство на проектили со кус и среден дострел (ИНФ), ја оквалификува како „грешка“ најавата на САД за повлекување од тој Договор

Турција нема да дозволи да се заташка случајот со новинарот Џамал Кашоги, кој беше убиен на почетокот на месецот во Суадискиот конзулат во Итснбул, изјави денеска потпретседателот на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП), Нуман Куртулмуш.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа соопшти дека САД ќе се повлечат од Договорот со Русија за ликвидирање на ракети од среден дострел, затоа што, како што рече, Москва ја прекршува спогодбата.

Најсериозниот напад се случил пред едно избирачко место во авганистанскиот главен град Кабул пришто загинале меѓу 13 и 19 лица. Меѓу жртвите на нападот, што го извршил бомбаш самоубиец, има цивили и полицијаци