Новоформираниот ураган „Вилја“ брзо добива на сила во близина на тихоокеанскиот брег на Мексико, а метеоролозите предупредуваат дека би можел да дојде до статус од четврта категорија пред да го погоди копното помеѓу Порто Валарта и Масатлана кон средина на наредната недела.

Ураганот „Вилја“ рано утринава се наоѓаше на 390 километри југозападно од пристанишниот град Мансанилја со ветрови со јачина од 140 километри на час.

Американскиот Национален центар за урагани објави дека „Вилја” може да стане голем ураган до понеделник наутро и до копно да се приближи до вторник.

Во меѓувреме, тропската бура „Висенте” ослабна, движејќи се кон југ, а метеоролозите предвидуваат дека би можела да се приближи брегот на Централниот Пацифик во вторник.