Browsing: СВЕТ
Американскиот претседател Доналд Трамп побара од државниот секретар Мајк Помпео да го одложи патувањето во Северна Кореја, бидејќи, според него, денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров оди бавно.
Перспективите на Украина за членство во НАТО зависат од исполнувањето на голем број политички и воени услови, изјави пред новинарите во Киев советникот на претседателот на САД Доналд Трамп за националната безбедност Џон Болтон.
Вулканот Етна на Сицилија по синоќешната лава денеска исфрла пепел.
Шумскиот пожар, кој избувна југозападно од Берлин и поради кој се евакуирани три села, се прошири на површина од околу…
Преговарачите на САД и Кина ги завршија двонеделните трговски преговори без напредок. Делегациите разменија ставови за начините за достигнување правичност,…
Јужнокорејскиот Висок суд ја продолжи затворската казна на поранешната претседателка Парк Геун Хје (66) на 25 години и парична казна…
Советникот на американскиот претседател Доналд Трамп за национална безбедност Џон Болтон изјави дека САД ќе го намалат финансирањето на службата на високиот комесар на ОН за човекови права.
Во соопштението од средбата јасно се покажува дека официјална Тирана, ја гледа Долината и во иднина како дел од територијата на Србија, за разлика од она што беше кажувано во текот на овој период за нејзина размена со северот на Косово.
Авиокомпаниите Бритиш ервејз и Ер Франс денеска најавија дека следниот месец че ги запрат летовите кон Иран, со образложение дека тој лет не е „комерцијално одржлив”.
Државниот секретар на САД Мајк Помпео го назначи Стивен Биган, потпретседател на автомобилската компанија Форд, за свој специјален претставник за Северна Кореја. Следната недела, двајцата ќе отпатуваат во Пјонгјанг.
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска во Тбилиси дека се уште не одлучила кого да номинира за следен претседател на Европската централна банка (ЕЦБ), и додаде дека разговорите за тоа прашање само што започнале.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во денешниот телефонски разговор со државниот секретар на САД Мајк Помпео оценил дека „деструктивниот” пристап на Вашингтон кон Москва им штети на обете земји, соопшти прес-службата на руското Министерство за надворешни работи.















