Browsing: СВЕТ

На останатите седум активисти, кои беа приведени по судирот со полицијата за време на денешниот протест организиран против неефикасноста и неодговорното однесување на полицијата и другите надлежни институции во случаите на насилство врз жените и девојчињата, надлежниот обвинител им одреди 48- часовен притвор.

Американскиот Сенат едногласно ја усвои резолуцијата, предложена од сенаторот на Демократската партија, Брајан Шулц,  во која се наведува дека „медиумите не се непријател на народот“

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги критикуваше медиумите откако американски весници координирано ги осудија неговите напади врз новинари кои ги обвинува дека шират лажни вести.

Албајрак на инвеститорите им рекол дека турските банки се „здрави и јаки“ и дека приоритет ќе остане борба против инфлација, удвојување на структурните реформи и со тоа монетарната политика.

Салвини пред неколку дена порача дека “ако надворешните обврски нѐ спречуваат да имаме безбедни патишта и училишта, тогаш се доведува во прашање смислата на почитувањето на тие обврски„, алудирајќи на буџетските обврски за земјите члени на евро зоната за дефицитот и долгот