Browsing: СВЕТ

Турција има нови докази кои ги поврзуваат следбениците на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен со неуспешниот државен удар во 2016 година, изјави денеска  турскиот министер за правда Абдулхамит Ѓул, додавајќи дека за новите информации ќе разговара со американскиот колега.

Европската комисија денеска поднесе   тужба против Унгарија поради непочитување на Законот за азил и враќање на мигрантите, и и испрати предупредување поради законот, со кој се инкриминираат активностите на невладините организации, кои им помагаат на мигрантите, изјави портпаролката на ЕК Мина Андреева.

– Сметам дека во сегашната ситуација нема поента, па дури и кога е во прашање претходен договор, бидејќи посетата требаше да се случи во септември. Прерано е да се зборува за тоа додека не се разреши ситуацијата, истакна Маслов.