Browsing: СВЕТ

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека добил писмо од севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун, за кое рече дека е многу добра порака и дека двете земји постигнуваат значителен напредок. Потегот на Ким доаѓа по посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео на Северна Кореја, која во американските медиуми беше оценета како разочарувачка.

Израел ќе ги спречи сите обиди за нарушување на своите граници, било од копно, било од воздух, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.

Претседателот на САД, Доналд Трамп го увери францускиот колега Емануел Макрон, дека „нема јаз“ во односите помеѓу Европа и САД и покрај тензиите на Самитот на НАТО во Брисел, се наведува во соопштението од Елисејската палата.

Албанскиот премиер Еди Рама заработи кривична пријава поради „прикривање на вистина“ во случајот со прислушуваните разговори на Агрон Џафај, брат на актуелениот министер за внатрешни работи Фатмир Џафај, кој во Италија е осомничен за трговија со дрога.

Тоа ќе биде прва казна за компанијата поради скандалот, кој ја загрози репутацијата  и поради кој нејзиниот извршен директор Марк Закерберг сведочеше во април во Конгресот во САД за податоците на корисниците кои компанијата ги направила достапни за трети лица