Американскиот претседател Доналд Трамп на состанокот со генералниот секретар на НАТО Столтенберг, пред официјалниот старт на Самитот, ја обвини Германија дека е под целосна контрола од Москва
„Германија е целосно контролирана од Русија затоа што 60 до 70 проценти од гасот им стигнува од Русија“ кажа Трамп. Тој зборуваше и за тоа дека Германија одвојува само 1 процент од својот БДП за НАТО, а САД 4,2 проценти од поголем БДП.
„ Јас ја искусив советската окупација на еден дел од Германија. Добро е што денес сме независни“ му одговори на Трамп, германската канцеларка Меркел која порасна во Источна Германија. Меркел одговори и на прозивките за германското учество во буџетот на НАТО.
„Ние сме подготвени да го зголемиме нашите трошоци за одбраната, како што е договорено во Велс. До 2028 година, ќе го зголемиме буџетот за одбраната за повеќе од 28 отсто во споредба со 2014 година“ рече Меркел и додаде дека Германија е втора земја по бројот на војници кои учествуваат операции на НАТО.
Само неколку часа по вербалната војна, Трамп и Меркел разговараа во Брисел, по што Трамп изјави дека имале добра средба и дека разговарале за вложувањатѕа во одбраната и за трговијата.
„Односите со Германија се извонредни- кажа Трамп. Тој рече дека разговарале и за гасоводот со Русија, но не даде детали.





