Browsing: СВЕТ

Куенарт е лидерот на младината на германската Социјалдемократска партија. Тој е оптимист дека мнозинството од членовите на партијата ќе гласаат против уште една коалиција со канцеларката Ангела Меркел.

Москва не гледа никакви проблеми во намерите на балканските земји да влезат во Европската унија, но тие самите, без надворешен притисок, треба да проценат колку предусловите на Унијата им одговараат на нивните национални интереси, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

Пентагон соопшти денеска по повод изјавата на рускиот претседател Владимир Путин за новото нуклеарно оружје, дека тоа не е никакво изненадување за армијата на САД која е подготвена да ја брани државата.

Американското ФБИ и британски Скотланд јард како и други странски агенции помагаат на словачките колеги во истрагата за убиството на новинарот Јан Куциак и неговата вереница, изјави денеска словачкиот минстер за внатрешни работи Роберт Калинак.