Browsing: СВЕТ
Франција и Германија и се заканија на Русија со дополнителни санкции ако претседателските избори во Украина на 25 мај не успеат со цел да се придвижи земјата напред
Унгарскиот Парламент денеска го реизбра Виктор Орбан за премиер на Унгарија, откако неговата партија Фидес извојува убедлива победа на парламентарните избори минатиот месец, освојувајќи две третини од пратеничките мандати
Првата дама на САД Мишел Обама изјави дека масовното киднапирање на нигериските ученички е дел од поширокиот тренд на закани и заплашувања со кој соочуваат девојки од целиот свет кои продолжуваат со образованието
Советот за безбедност на Обединетите нации изгласа санкции за тројца лидери на Централноафриканската република, вклучувајќи го и поранешниот претседател Франсоа Бозизе
Музејот на Акропол во Атина денеска беше евакуиран откако Грчките власти добиле дојава за подметната бомба, соопшти полицијата.
Министерот за одбрана на Јемен, Мохамед Насер Ахмад и уште двајца високи функционери од безбедноста, преживеале атентат кога бил нападнат конвојот во кој се наоѓале,јавува AFP
Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, ја осуди посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Крим, кој за првпат го посетува полуостровот откако кон средината на март и беше припоен на територијата на Руската Федерација
Поранешниот шпански атлетичар, Јаго Ламела, кој на СП во Севилја во 1999 година го освои сребрениот медал, починал во 36-та година од животот. Ламела, во четвртокот, бил пронајден мртов во домот на неговите родители, а причинитe за смртта сеуште се непознати
Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во анексираниот Крим, наспроти изјавата на ерманската канцеларка Ангела Меркел дека ќе биде штета ако Путин ја искористи годишнината на Денот на победата над фашизмот за да го посети Крим
Проширувањето на НАТО нема да биде една од главните теми на самитот на Пактот во Велика Британија, но Алијансата ќе остане отворена за земјите кои се заинтересирани да и се приклучат и САД ќе продолжат да ги поддржуваат на тој пат
Традиционалната воена парада во Москва по повод одбележувањето на годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна, претседателот на Русија, Владимир Путин ја искористи за да ја поздрави „силата на триумфалниот руски патриотизам“
Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони кој беше осуден на една година општествено корисна работа, денеска започнува со издржување на казната во старечки дом во Милано