Browsing: СВЕТ

На маргините на комеморацијата во Нормандија се одржа и неформална средба на Барак Обама и Владимир Путин која траеше десетина минути, информираа француски и американски извори. Претходно Путин зборуваше и со украинскиот претседател Порошенко на иницијатива на Франсоа Оланд и Германката Ангела Меркел.

Реката Деспотовица која минува низ Горни Милановац, од денеска на пладне стана потполно црвена. Општинскиот еколошки инспекторат ја испитува причината за тоа и им препорачува на мештаните да не ја користат водата

Четворица загинати, а 13 се повредени во силната експлозија во Термоелектраната „Косово А“ во Обилиќ, близу Приштина, информираше полицијата. Експлозијата, според косовските медиуми, била толку јака што се почувствувала и во Приштина

Париз синоќа беше главната светска сцена на дипломатскиот балет околу Украина. Во Франција од синоќа се собрани светските државници како Барак Обама, Дејвид Камерон, Ангела Меркел но и Владимир Путин.

Уапсен е Џастин Бурк, осомничен за убиството на тројца полицијаци во Монктон, Канада. Тој сега е во притвор. Жителите на северен Монктон сега можат да излезат од дома. Двајцата ранети полицајци се во стабилна состојба, соопшти полицијата

„Подготвени сме да ги зајакнеме санкциите и да воведеме дополнителни рестриктивни мерки кон Русија ако ситуацијата го бара тоа“, стои во заедничкото соопштение на Г7 земјите

Попладенево високата претставничка на оваа организација за слобода на медиумите Дуња Мијатовиќ на твитер појасни дека станува збор за хаерски напад кој таа го оцени како неприфатлив.