Browsing: СВЕТ

Шпанската влада веќе подолго време најавува дека било каков референдум во Каталонија би бил неуставен, а Уставниот суд и наложи на земјата да го презакаже референдумот се додека не се утврди неговата уставност, што би можело да трае со години

Францускиот економист Жан Тирол ја доби Нобеловата награда за економија. Шведската кралска академија на науките денеска соопшти дека Тирол бил награден за „неговите анализи за моќта на пазарот и регулацијата“

Екстремистичката организација Исламска држава контролира половина од градот Кобани иако синоќа курдските сили им зазедоа две нивни позиции, соопштува сириската Опсерваторија за човекови права

Бранислав Бореновиќ, потпретседателот на Партијата за демократски прогрес (ПДП) денеска прогласи победа за лидерот на партијата Младен Иваниќ. Иваниќ води со 100 гласа пред Жељка Цвијановиќ од Сојузот на независните социјалдемократи

ајфунот „Вонгфонг“ кој воедно е и најголемата бура оваа година во Јапонија, пристигна до островот Кјушу откако „удри“ на островот Окинава, каде што повредени беа околу 40 луѓе

Облечен во портокалов комбинезон, 43-годишниот британски новинар предупредува дека „…секој кој се надева на фина и суптилна хируршка интевенција, без валкање на рацете, ќе биде ужасно изненаден, кога таа ќе биде изведена“

Партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан е победник на вчерашните локални избори во Унгарија, остварувајќи победи во главниот град Будимпешта и 20 од вкупно 23 поголеми градови во земјата

Граничниот премин Ѓушево помеѓу Македонија и Бугарија денеска претпладне ќе биде блокиран; незадоволни од изборните резултати на предвремените парламентарни избори, граѓаните на Ќустендил ќе го блокираат патот за Македонија

Според нецелосните резулати на изборите за членови на Претседателството на БиХ, водат Бакир Изетбеговиќ, Жељка Цвијановиќ и Драган Човиќ. Неизвесна е трката за член на Претседателството на БиХ од Република Српска

Според последните податоци одзивот на гласачите на ниво на држава е 50,1 процент. Во Република Српска излезеноста на гласачите е 53,51 посто, a во Федерацијата е 48,2 проценти